Жерновски: Од изолирана и бесперспективна, до земја со иднина

Од изолирана и бесперспективна, до земја со иднина

Со поддшка на САД, како стратешки партнер и сојузник во НАТО, Владата иницира повеќе проекти кои ќе бидат значајни не само за земјата, туку и регионот. Станува збор за вклучување на земјата во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александропулос, проект кој создава можност за трајно и стабилно снабдување со гас нашата земја, која ќе стане и точка од каде гасот ќе се дистрибуира во регионот и земјите што ќе покажат интерес. Ова поврзување со Грција, со поддршка од САД и ЕУ, ја прави нашата земја енергетски коридор за земјите од ЈИЕ за алтерантивен пристап до значајни енергетски ресурси.

Сето ова се случува затоа што нашата земја е сега отворена, поврзана и интегрирана. Се случува зашто постои и фунционира Преспанскиот договор, зашто сме дел од НАТО семејството и дел од земјите кои ги споделуваат европските вредности и стандарди.

Кога на оваа убава и мошне битна вест ќе ја додадеме и онаа дека Владата ќе инвестира во Западниот и во Источниот дел од Коридорот 8, тогаш можеме со право да заклучиме дека ни претстои период кој долго го очекувавме.
На крајот на краиштата, на сите ни е јасно дека не можеме да очекуваме подобра економија без претходно да ја заокружиме патната и енергетската инфраструктура.

Продолжуваме!

ФБ статус на Андреј Жерновски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e