Жерновски: До нашата цел заедно со Брисел

До нашата цел заедно со Брисел

Денеска, Европската комисија го објави исклучително битниот Економско-инвестициски план за Западен Балкан (Economic and Investment Plan for the Western Balkans), кој претставува финансиска поткрепа од 9 милијарди евра во форма на грантови и поволни заеми. Целта е да се поддржи економската конвергенција на Западниот Балкан со ЕУ, примарно преку инвестиции и подршка за конкуретноста и инклузивниот развој, одржливото поврзување и поврзаната зелена и дигитална транзиција.
Нивната намена, во најголема мерка, ќе се однесува на подршка на инфраструктурни проекти за регионално меѓуповрзување.
Со овој амбициозен и, според мене, витален план, Европската унија силно ја испрати толку потребната порака за поддршка на европската перспектива на Регионот и комплементарноста на реформските процеси со забрзаниот економски развој. Дополнително, во документот недвосмислено е препознаена неопходноста од економско опоравување на Регионот од последиците на пандемијата.
Комисијата препорачува најголемиот дел од подршката да биде насочена кон клучните продуктивни инвестиции и одржлива инфраструктура во земјите од ЗБ. Дополнително, инвестицискиот капацитет на регионот ќе биде зајакнат преку креирање на нов Гарантен фонд за ЗБ, со амбиција и потенцијал да мобилизира инвестиции во вкупен износ од огромни 20 милијарди евра.
Би сакал да ја поздравам оваа амбицијата на Европската комисија да ја промени економската и инфраструктирната слика на Западен Балкан до 2024 година, која ќе доведе до видливи позитивни промени во секојдневниот живот на нашите граѓани. Особено важно е што оваа конкретна заложба на Брисел има амбиција го спречи одливот на нашите синови и ќерќи.
За таа цел, предивидени се инвестиции во инфраструктурни проекти во областите на транспорт, енергетика, дигитално поврзување и животна средина, кои треба да дадат силен импулс во заживување на економската активност на Регионот.
ФБ статус на Андреј Жерновски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e