Зарем не е чудно што со закон е пропишано дека најсработените продукти на филмската и на телевизиската продукција – филмовите, сериите, па дури и емисиите од областа на културата и образованието, мора да бидат категоризирани според нивната содржина и евентуална штетност по најмладите гледачи и, поради тоа, на почетокот да имаат ознака на возраста под која емисиите не смеат да бидат гледани од младите или можат, но „во присуство на старател“? Но напредните демократски држави својата грижа за менталното здравје на ранливите групи гледачи ја искажува со овие предупредувања пред секоја емисија, според некаква проценка за нивната евентуална „неприличност“ или „штетност“, а неретко излегуваат и предупредувања за луѓето осетливи на сцени на насилство, бруталност или други потенцијално штетни влијанија по гледачите. Оваа грижа, сосем разбирливо, ја протера порнографијата во категории дозволени само „за возрасни“ или сосем вон законот.
…
Но, кога сфатив дека станува збор за вистинската вмровска продукција, за есенцијата на нивната политичка понуда, веднаш го свртев погледот, ужаснат и препотен, со срцебиење високо во грлото, и со плитко и засипнато дишење! Сосем за малку, за дел од секунда, избегнав да се претворам во солосан столб, зашто гледањето во неизмерниот амбис на вмровската глупост е исто толку деструктивно како и погледот назад кон сеуништувачкиот библиски бес на Јахве. А, конечно, ова беше уште една потврда на библиските димензии на вмровската глупост, која – како и Јахвеовите небески огнови – создава пеколен гравитациски вител, во кој бесмислата ги претвора во солосани кретени сите што предолго ќе се загледаат во неа.
Целата колумна на Мирослав Грчев за Слободен печат на следниов ЛИНК.