Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Агим Јонуз за Фокус:
– Кај си ма, бабичкее! Ајде бујрум у земјата у која фукарата што преку ноќ се обогатила и селските шизици што улетале у градски филм вежбаат држава. Они не дека не чуле што е тоа држава, ама тоа ти е исто како кога правиш специјалитет дома за прв пат, а за кој рецептот го читаш од „budite sef kujne u 10 minuta“! Овие две категории се „на сервис“ во актуелниов момент, зашто оние што се некако на еволутивната скала троа погоре ќутат ко онакво у свилени гаќи зашто си ја добија општествената клоца како „фира“ материјал у елитата!
ШТО Е ЕЛИТА, БЕ, МАШКО?
А бе, тоа ти е оноа, ако ти текнува имаше на времето една драма бе бабо, се викаше „Госпоѓа Министерка“ од Бранислав Нушиќ. Ај, ме мрзи да ти објаснувам, ќе ти ја снимам драмата и ќе ти ја дам да ја гледаш. Како да ти објаснам, ако не разбираш од прва, може од трета мајка ќе разбереш! Вака! Во сите пост социјалистички земји, преку ноќ, оние кои знаеја како да ја уловат рибата у матно, ја поставија софрата онака како што им одговара за да седнат „на чело на маса‘‘ за да се види дека се „ташаци“ (извини бабе на речникот, ама твое дете сум).
И така, ташак по ташак се собра ташакаана која од масата на која они седат на чело избркаа се што е поубаво од нив, попаметно, а на оние кои останаа на маса, бабе, оние „бациракачите“ им фрлија по коска од гудето кои сами си го гнетеа. И едните среќни и другите, а третите останаа да си дробат попара со јогурт по дома оти се „неподобни“ за да седат со ташаци како нив на маса.
И така си решија дека ќе се договорат како да се договорат да напраат здрава држава, си ги поделија „тебе –мене“ улогите и станаа бесмртни. Како печурки никнаа ротаријанци, лајонси, масони, илуминати, ташаци , грашаци,… Осумдесет посто, бабе, да ги прашаш што е тоа, ќе ти речат „ќути, ти не се разбираш“, зашто ако таласаш поише може и да ти наместат дека си крива што се поремети климата, а у најмала рака дека си виновна што не успеало Крушевското востание! Бабе, ај, заеби, глеј си самопослугата и не заебаај!
ПА, НЕЛИ У НАТО, МАТО, ЕВРОПА БЕ СИНКО!
А мори бабе, не се разбираш ти у тоа, па ај онака народски да ти објаснам. Ти не знаеш што е тоа глобализација, така да ако земеме у предвид, на пример, дека си со гол газ и празен стомак, ако те чепка секој што ќе сака, ако комшијата вика дека ќе ти земе 2 метра од дворот, ако ти пцуе и име и презиме, ако вика „ти си бе никој и ништо“, тебе не ти останува ништо друго освен да се прикључиш у некоја појака фамилија за да речеш „не ми може никој ништо сега“! Е, тоа ти е она НАТО-МАТО! Ама! Биди спремна секогаш бабе да играш онака како ќе ти свират! Еднаш газот под кирија, за навек бабе,… да простиш!
…Бабичката не дека разбра до крај, ама мене ме тури у мисла, па си викам:…
Колумната на Јонуз во целост прочитајте ја ТУКА.