Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Ерол Ризаов за Независен:
-Она во што сите здраворазумски луѓе се сомневаа, а на судската истрага ѝ требаа докази, почна да се одмотува во судот. Сведоштвата за злосторствата на 27 април лани излегуваат на виделина како работела подмолната организација со виенските директиви на Никола Груевски до неговите извршители и за подготовките во претседателската резиденција на Ѓорге Иванов на Водно за прогласување на вонредна состојба во земјата за да се спречи примопредавањето на власта. Обид за класичен државен удар. И додека се одмотува клопчето на злосторничкиот крвав напад на парламентот да не се дозволи негово конституирање, еден од најсрамните датуми во историјата на независна Македонија, наследникот на урнатата тиранија, Христијан Мицкоски, организира слични протести како пред упадот во Собранието лани, но овој пат со одбрана на името на државата, против загадувањето на воздухот и против сиромаштијата.
Најголемото загадување на човековата средина и најголема опасност по здравјето на луѓето во Македонија не се ќумбињата на дрва и ќумур, кои секоја година горат по една цела планина над земја и под земја. Не се тоа ни автомобилите и старите крнтии што се тркалаат по улиците како мртовечки сандаци испуштајќи отровни облаци. Не се ни фабричките оџаци кои пуштаат непречено смртоносни облаци, не се ни урбанистичките монструми на градежната мафија што ги сопреа ветровите од планините.
Колумната на Ерол Ризаов во целост прочитајте ја ТУКА.