Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Кокаланов за Призма:
-Европеец и Македонец случајно се среќаваат во пустина. Европеецот носи канистер со вода, а Македонецот врата од автомобил. Додека пешачат некое време така еден покрај друг, Европеецот повремено фрла по некој збунет поглед на својот сопатник и особено на неговиот тежок товар. Најпосле, не може да издржи, па го прашува:
– Извинете, а зошто ја носите таа врата?
– Ќе ви кажам, ама ако вие прво ми кажете зошто ја носите таа канта со вода – одговара Македонецот.
– Тоа е барем просто – одговара Европеецот – кога ќе ми стане прежешко, јас пијам по некоја голтка, а потоа и си го квасам лицето.
– Аха – враќа Македонецот – е па мене кога ќе ми стане прежешко, само го спуштам прозорецот од вратава.
Целата колумна на Призма.