Заразената докторка Николиќ: Седете дома, не си играјте руски рулет со животот

Докторката Гордана Николиќ, која е една од заразените здравствени работници од Куманово преку Фејсбук апелираше да се седи дома. Таа посочи дека додека здравиот човек има илјада желби, болниот само една, да оздрави.

„Денес е светски ден на здравјето. Има многу дефиниции за тоа што е здравје, нема да ве заморувам и да ви ги цитирам. Но, едно нешто буквално го почувствував деновиве. Здравиот човек има илјада желби, болниот само една….да оздрави! Во очекување сум да ми кажат дека имам право на илјада желби. И затоа седете дома, зошто нема играње со вирусот Ковид -19. Да, можете да минете и без симптоми, можете и со лесна клинична слика, можете да бидете со средно тешка, тешка или да завршите на респиратор. Ќе играте руски рулет со вашиот живот и живот на вашите деца, родители, баби и дедовци или ќе седите дома, размислете. Сонцето изгреа и бидете среќни секое утро кога ќе се разбудите здрави. Честит денот на здравството“, пишува Николиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e