Заев одби да биде Груевски

Зоран Заев можеше да биде националист и да игра на таа карта по најавеното вето на Бугариј. Тој надворешен пораз на Македонија можеше да му донесе победа дома. Да опфати голем дел од гласачкото тело и да билда национализам за да му расти политичкиот рејтинг. Можеше и да распише избори како референдум за неупехот надвор и да однесе лесна победа и да обезбеди комфорно мнозинство.

Но, не. Заев се одлучи да се жртвува политички за да го исполни ветеното. Тој игра пријателски и космополитски оти ни’ ја вети Европа. На моменти дури и понизен прави се’ за да ги надмине проблемите и да се одржи меѓувладина конференција. Заев одлучи да остане Заев и да го „изоди“ европскиот пат, да ги преземе чекорите што СДСМ секогаш ги преземала, а тоа се стратешките.

Зоран Заев одби да биде Груевски и како по неуспехот во 2009-та година да се претвори во националист кој ја користеше домашната политика за да се скара со сите проевропски партнери. Заев одби да стане диктатор врз основа на национализмор и одбра да оди напред како што ветуваше во 2016-та.

Определбата на премиерот ќе видиме што ќе донесе. Јас мислам дека ќе има позитивен епилог, но настрана од тоа тој покажа дека нема повеќе место за изолација и груевизам, туку одлучно чекорење кон Европа – каде што е најдобро.
Сотир Габелоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e