Заев да го седне коалицискиот партнер и да ги прибере министрите од ДУИ затоа што ова што го прават на Мила Царовска е мобинг.
Груби и Османи велат дека не било злоупотреба на парите што “по грешка” не завршиле во вториот столб, според законот. Па да ги прашам ако некој по “системска грешка” платата наместо на нивна сметка, ја префли на сметка на нивен колега тие ок ќе бидат со тоа вака искрено? Или ќе врескаат дека им е украдена дури и да им биде по “системска грешка” префрлена на хуманитарна организација?
Кога се носеше пензинската реформа, граѓаните имаа право да одлучат дали придонесите што ги плаќаат ќе им се чуваат во ПИОМ или дел во ПИОМ и 6% во приватниот, задолжителен втор столб. И на тие што штедат во вториот столб буквално им биле украдени парите, можеби по “грешка”, тоа истрагата ќе утврди, но не стигнале на нивна адреса. Исто како што платата на Османи ако стигне на друга адреса, тој ќе рече дека му е украдена затоа што не ја добил како што му следува.
Исто така, кога се носеше пензинската реформа, имаше три сценарија за тоа колкава ќе биде “дупката” во ПИОМ поради одливот на парите во вториот столб (затоа што нашиот пензински систем е таков, што од сегашните придонеси се исплаќаат сегашните пензионери). Дупката излезе поголема и од најпесимистичкото сценарио затоа што во калкулациите не беше предвидена варијаблата масовно иселување од Македонија, па буџетските трансфери кон ПИОМ беа се поголеми.
Но кусокот на пари за пензии (ако е во право Османи) секако не е грижа ни на сегашните, ниту на идните пензионери туку на државата. Можело да се побуни Османи или Груби кога се граделе споменици и барок зданија, па не биле доволни можеби буџетските трансфери кон ПИОМ, а не да се бунат кога се нарушува темелно довербата во државата дека законски располага со парите на идните пензионери.
Добербата во здравството е на најниско ниво, довербата во правната држава е на нула и сега се уништува довербата дека некој правилно располага со придонесите. И тоа бара темелна истрага и одговорност, а не мобинг врз министерката која се бори против актите кои влеваат недверба.
Ида Протоѓер – Фејсбук статус