За мрчаторите

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа:

-астргнати помеѓу општо декларираната политичка волја за евро-атлантски интеграции и потребата до таму да се стигне по пат на компромис со Грција, влегуваме во фазата кога сите мораат јасно да ги декларираат своите политички позиции – нешто ќе мора да се даде!

На една страна е Заев кој од петни жили се труди да најде некое достоинствено решение, распнат помеѓу грчката страна (која и самата е компликувана до бескрај, ама тоа, да речеме, до некаде, не е наш проблем) и колекцијата од домашни политички и јавни фактори кои го немаат огромниот притисок што се врши врз Заев за да испорача решение, и тоа не кога било во наредните 100 години, туку во одреден временски рок кој се броеше со месеци, а сега се мери во недели.

Во таква ситуација, опонентите на Заев мислат дека имаат простор, без морални и политички последици, да мрчат, да кочат и да „предупредуваат од високо“ (!) на секој чекор од овој – да, непријатен – процес: те преговорите не се транспарентни, те имињата што се во оптек не им се допаѓаат, те имало црвени линии кои ни тие не ги знаат, те и кога е веќе обезбедена гаранција за „идентитетот“ тоа ним не им е по ќеф бидејќи вратоврската на Заев е криво наместена, па името го дадовме ама Уставот не го даваме (оти е изработен од гравиран камен), па биле пробиени преговарачките протоколи кои, пред 25 години, биле поинаку поставени… И така до бескрај!

Некои од мрчаторите повеќе го мразат Заев, одошто сакаат да се интегрираат во ЕУ и НАТО. Други, пак, свесно и систематски работат на блокирањето на интегративните процеси на земјата кон Запад. Би им дигнале на Грците уште еден стометарски споменика во центарот на Скопје, само ако тие стават вето и на овој напор за надминување на спорот.

Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e