За курбан овца 50 евра по грло

Ви пренесуваме дел од колумната на Ерол Ризаов за “Независен”:

-Конечно се јавија овоземни конкретни побарувања од водачите на движењето за спасување на Македонија. За нивниот труд бараат пари од државната каса затоа што проповедаат бојкотирање на референдумот и на европската иднина на граѓаните. Нема што, чесно и поштено, што би рекол нашиот народ.

Велат, тие биле втората, поточно спротивната страна на тие што работат на укинување на државата и на македонскиот народ, па сосема логично и разбирливо за тоа треба да добијат исто толку пари колку и тие што ќе водат кампања за поддршка на „капитулантскиот“ договорот со Грција и за влез во НАТО и во ЕУ, опасни сојузи кои воопшто не се јавен интерес. Не знам зошто толку ја симнале цената, бидејќи не може исто да се плати и за предавство и за спасување на државата, спасувачите требало да побараат најмалку двојно повеќе. Што се однесува до парите, образложението е генијално, човек да симне капа, не може да се стави ниту една забелешка. Такви биле демократските правила во Велика Британија кога се гласало за Брегзит или за ЕУ. Парите се делеле пола-пола на два еднакви дела. Мал проблем е што кај стиснатите Англичани организаторите на кампањи добиле пари само за тие што се „за“ и „против“. Кај нас има уште една страна која проповеда сеир и кукавичлук.

Целата колумна на “Независен” на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e