Слушам дека името Северна Македонија не фатило корен!
Па, тоа име не е ниту усвоено за да фати корен, туку за да тргне некои балвани од патот за Европа.
Односно за да ја отвори иднината на Македонија.
Глупаци!
Северна Македонија е утврдено име за официјална надворешна и внатрешна комуникација, тоа име не е нов идентификациски и општ комуникациски код, како што и Република Македонија не беше идентификациски код.
Македонија беше кодот, не.
Се смени ли нешто во нашето саморазбирање и означување по уставните промени!?
Не, се разбира!
Тоа само покажува дека драматично висока штета на државата, на нацијата, на општеството и на сите луѓе, им нанеле сите политички гарнитури што го бранеле името Република Македонија. Помалку штета ќе направеле да ја бранеле маглата во скопската котлина од пробивот на авионите што слетуваат на аеродромот во Петровец. Хахаха. И оние кои денеска манипулираат па градат платформи за враќање на старото име. Тоа е како некој да ви каже дека ќе ја врати 1968 затоа што со староста некој ви го сменил идентитетот. Таа штета е особено висока кај луѓето кои се просто хистеризрани на таа тема односно кај оние до чив разум просто не може да се допре.
Разноразни Стојанчевци врескаат една парола, која е оддалечена од животот колку што се тие оддалечени од пристојноста и разумноста. Тоа е најголемата траума што врз општеството ја предизвика вмро. За луѓето во Македонија и за оние надвор, ова парче земја засекогаш ќе остане Македонија. Така ние ќе се ословуваме меѓу себе, етничките Македонци-сигурно, другите ако сакаат, ако не ќе си бидат Албанци од Македонија или во Македонија, Бошњаци, Турци итн. Како што коментаторите на Арена викаат Македонија, македонски и сл. или авторите во Јутарњи лист пишуваат дека Македонците нешто направиле или прошуштиле да направат итн. Џабе се просерувате, мислам на вмро и на тешката штеточинска професорска багра собрана околу оваа злосторничка инсталација.