За грст рубљи

Ви пренесуваме дел од колумната на Џабир Дерала за ПлусИнфо:

-Како и да е, Кремљ (и неколку други центри) не успеа, наспроти упорната, долгогодишна и скапа операција, а Фамилијата (барем еден стратешки голем дел) нема изгледи за амнестија. Демократските десничари, разумни и чесни политичари во ВМРО-ДПМНЕ, ја добиваат својата шанса да ѝ помогнат на најголемата десничарска партија да закрепне, побрзо отколку што тоа се очекуваше само до пред неколку дена.

Синоќа разговараме со еден мој близок другар за референдумот (за што друго?). Ми раскажува за еден свој бизнис соработник, непоколеблив приврзаник на ВМРО-ДПМНЕ. Во текот на денот имале бизнис средба и разговарале за референдумот (за што друго?). Неговиот соговорник до неодамна бил редовен учесник во протестите против НАТО и ЕУ интеграцијата на Македонија и против Спогодбата со Грција. Бил дел и од бојкотирачите. Често се зајадувале на таа тема. Бизнисот, секако, си врвел, бидејќи кога шумата гори, лавот и срната заедно спијат. А македонската економија е како опожарена шума, тоа знаеме…

Кај неговиот бизнис соработник се случил драматичен пресврт. Раскинал со своите другарчиња бојкотирачи и одлучил да гласа на Референдумот. Не само тоа, туку ќе гласа ЗА и дека не е единствен, му се доверил на мојот другар. Без намера да се расправам со ботовите, ве уверувам дека мојот разговор со другар ми навистина се случи и дека тој нема, ама баш ниедна, причина да измислува.

Целaта колумна на Џабир Дерала за ПлусИнфо прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e