Вучиќ не нè мрази, само нè презира

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски за Цивил Медиа:

-Ќе беше вистинско чудо да се јавеше Александар Вучиќ во врска со бегството на Груевски низ Србија за Унгарија, а да пропуштеше шанса на некој начин да ја омаловажи Македонија. Онака, арогантно и цинично, од високо, во „јужносрбијански“ стил, речиси навреден што е ставен во ситуација да троши време да говори за така безначајна тема каква што е Македонија.

Мислам дека дури кога мора да се занимава и со Албанците, таа вечна српска националистичка главоболка и траума, кај Вучиќ има повеќе респект, одошто кога говори за Македонците. Тогаш во него, веројатно и несвесно, се будат фрустрациите на оној мал потрчко што, своевремено, на Шешељ морал да му вари кафе (или беше да носи гајби со кисела вода?), но минус ерудицијата и автодеструктивниот шарм (во недостаток на подобар квалификатив) на самиот Шешељ. Висок е Вучиќ, но ни таков со глава не може да ја допре шовинистичката летвичка што ја извиши Шешељ.

Ова нетрпение на Вучиќ за Македонија е особено нагласено по падот на Груевски од власт. Многу енергија, кадровска и политичка поддршка, видлива и невидлива, инвестираше Србија во опстанокот на Груевски на врвот на македонската политичка сцена, бидејќи во него, со право, препознаа сигурен сојузник во „автократската интернационала“ на која здушно припаѓа и самиот Вучиќ.

Збогувањето на Груевски со власта во Скопје, во Белград беше сфатено како уште еден неповолен геополитички сигнал дека обрачот на непријателското демократско, прозападно окружување околу Србија уште повеќе се стега, заканувајќи се дека погубното „македонско сценарио“ (токму така дефинирано од самиот Вучиќ), порано или подоцна, ќе чукне и на нивните деспотски врати. Србија е секако во неколкугодишен заостаток од „успесите“ на Грујо во Македонија, иако мноштво од овдешните вмровски проекти – од „Београд на води“, до оперирањето на валканата пропаганда, контролата врз судството, употребата на тајната служба и „окупацијата“ на медиумскиот пазар – здушно се обидуваат да ги копираат, па и да ги усовршат.

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e