Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Ида Протугер Вељковиќ за Фокус:
– Не сум вознемирен што ме излажа туку затоа што отсега нема да можам да ти верувам. Овој цитат од Ниче во груби црти илустрира што значи довербата и колку тешко се стекнува, а уште потешко се реставрира.
Времето на груевизмот и неговиот конгломерат што продуцираше пропаганда и дезинформации цела деценија и кој се потпираше на цела војска “новинари” кои за пари или уредничка позиција ги продаваа своите услуги, а ги предадоа професионалните стандарди, доведе до драматичен пад на довербата во медиумите.
Малкуте медиуми кои останаа професионални, беа со трауматски искуства, како да преживеат, да поделат плата, да се справат со притисоците и заканите и да ја задржат довербата на јавноста.
Но без оглед на крајот на ерата на груевизмот и расчистување со времето на притисоци и закани, ние немаме здрав амбиент каде анализите и информациите ќе бидат предност во конкурентста битка и освојување на довербата на гледачите или читателите.
Во неколку наврати премиерот Заев изјавуваше дека неговата улога била да обезбеди демократија, а медиумите самите да се “прочистат” во една конкурентска битка. Зошто е ова толку погрешно токму во излез од авторитарен амбиент? И каква е улогата на владата во “враќење на нормалноста” во состојбите?
Ќе се послужам со пример од соседството.
Колумната во целост прочитајте ја на следниов ЛИНК.