Кога нема судир меѓу власта и медиумите, ме фаќа некое шубе, сомнеж, дека нешто не е во ред. Штом се наруши таа природна и би рекол закономерна спротивставеност меѓу политичарите и новинарите, има сериозна опасност по здравјето на демократијата. Цели 12 години бевме сведоци на создавање болно општество, во што учествуваа и новинари, послушници како корумпирани агитатори и адвокати на режимот. Затоа сега, здраво е и за арно е, на секоја закана врз слободата на говорот да се реагира со жестока осуда не само вербално од новинарите и од политичарите, од јавноста, туку пред сѐ од надлежните институции на системот задолжени да го бранат и да го санкционираат секое загрозување на уставниот поредок и слободата на информирање. Член 16 од Уставот на Македонија.
Тоа е, чинам, главната порака од протестите на возрасните „копљаци“ против зканите кон Насер Селмани, претседател на ЗНМ, што е само непосреден повод да се соопшти нешто многу позначајно, а тоа е да почне процесот за враќање на довербата во медиумите и во новинарството, да се воспостават повисоки стандарди во идните односи меѓу медиумите и властите не само со пишани, туку и со непишани правила. Тие односи никогаш не можат и не треба да бидат идеални, но не смеат да бидат ни насилни ни слугински. Треба добро да се одработи тоа за јавноста да го препознава. Протестите пред Владата беа само еден мал дел од градењето подобра комуникациска култура.
Да се седи во скутот на политиката и да се исполнуваат партиските задачи и директиви на владите, да се биде поткуплив пропагандист место новинар, мора конечно да стане најодвратната работа во новинарството, но и во очите на пошироката јавност. Тоа е предавство на професијата, соучесништво во уривање на најзначајните демократски придобивки кои се негуваат со слободното и непристрасно информирање на граѓаните. Сега е погодно време да се добие таа војна во Македонија. Гледано од овој агол, последните протести на новинарите пред Владата се оправдани по промените на власта, особено поради тоа што се организирани од синдикатите, ЗНМ и новинарите критичари на режимот на Никола Груевски. Затоа воопшто не треба да чуди жестината на реакциите за навредите на Насер Селмани, иако заканите преку социјалните мрежи се наше секојдневие на кое навикнавме и станаа составен дел на ризиците со кои се соочува новинарството повеќе години наназад. Посрамно од ова е само кога корумпирани новинари по нарачка на власта сатанизираат свои колеги и ги прогласуваат за предавници, непријатели и странски платеници.
Целата колумна на Ерол Ризаов за “Независен” на следниот линк