Вонредна состојба, извонредна можност

-Тоа што во Македонија средиштето на епидемијата засега е Дебар – нашиот „мини-Вухан“, чија висорамнина наликува на некои од долините во Ломбардија – од карантински аспект, има повеќе „добри“ страни: се работи за население од десетина илјади души, што не е тешко да се обезбеди со сите неопходности за преживување во неколкуте недели неопходна социјална изолација; низ Дебар поминува еден пат, на југ кон Струга, на исток кон Маврово, а границата со Албанија е затворена, па контролата врз пренесувањето на вирусот со движење на луѓето е релативно едноставна; сите контакти со прво-заразениот брачен пар, кој дошол од Италија, се евидентирани и будно медицински се следат, па и новите заразени се од истиот круг на овој мониторинг…

Конечно, ако смеам искуствено да посведочам, десетина дебарчани кои јас ги познавам се карактерни луѓе, домаќини, со интелигенција која одговара на висините на Јабланица и Стогово со кои Дебар е окружен – знаат тие што е одговорно однесување, за доброто свое и на сите нас!

Целата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e