Во новата нормалност, со старата ненормалност

Според епидемиолозите, можно е да имаме нов пик на пандемијата веќе наесен, најверојатно во октомври или ноември. А тоа ќе значи построги мерки за социјално дистанцирање, затворање на институциите, продавниците, рестрикции во сообраќајот, самоизолација… Во меѓувреме, состојбата со коронавирусот ќе почне да се нормализира веќе кон средината на мај – ќе се укине вонредната состојба, ќе станеме „нормални на нов начин“. Веќе во втората половина на јуни, ситуацијата со коронавирусот во нашата земја ќе биде под целосна контрола. Ете, тоа е времето за одржување парламентарни избори за оваа година. Што порано, тоа подобро. Секако, во координација со епидемиолозите.

Значи, избори во јуни, со што е можно поголема социјална дистанца меѓу гласачите, но на традиционален начин. Одбројувањето може да почне. Во новата нормалност, со старата ненормалност. Нека ни е со среќа!

Целата колумна Џабир Дерала за Слободен печат на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e