Во македонскиот политички вигвам

Откако изби пандемијата, Мицкоски и неговата партија и нивните помалку или повеќе послушни приврзоци сложно ѝ се приклучија на инфодемијата. Па се гушкаа на партиски митинзи (не беа само тие), бараа построги мерки, а се билдаа по теретани и кафани, бараа избори, па бегаа од нив, бараа попис, па го бојкотираа, ширеа дезинформации и говор на омразата побрзо отколку што се ширеше вирусот, изгубија на избори, па бараа нови и сè по ред, како што ѝ доликува на една структура која никогаш не се откажа, барем формално од своето мрачно, диктаторско и криминално минато чиј мозок (и длабок џеб) доби азил во Будимпешта.

И оп! Дојде Анкл Сем од Америка и додека се испи едно горко кафе, со вкус на внатрешната страна од менгемето, Мицкоски побара тет-а-тет средба со премиерот.

Договор падна на белиот чаршав во угостителскиот објект на пратениците, пописот ќе се одложи, собранието ќе се откочи, ќе се изгласаат мерките за помош, ќе се разговара за изборни измени што ги предлагаа невладините (а никој не ги спомна), сè што треба ќе направи Мицкоски, а тоа што не треба, ќе го задржи во својата „патриотска“ глава, намачкана со скапиот гел.

Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e