Вмровската свастика што рика среде македонската престолнина

По компромитацијата и инкриминацијата, свастиката е веќе симбол само на нацизмот, исто како што лавот е денес во Македонија само и единствено симбол на криминалната партија ВМРО-ДПМНЕ. Па, што тогаш бара на јавните плоштади како државен мотив, изграден со украдени јавни пари, а во слава на една злосторничка партија?

Што е првото што се прави по ослободувањето на една земја од тоталитарен и криминален режим на една партија што за повеќе од деценија владеење го потчинила и злоупотребила целото општество на своите злосторнички партиски интереси? Првото што се прави е законска забрана за политичко дејствување на диктаторската партија, заедно со изведување пред органите на правдата на челните поединци што биле најодговорни за злоделата што ги извршиле институциите и органите на „заробената држава“.

Следното е воспоставување демократски институции на власта чијашто прва задача е да го „превоспитаат“ општеството во духот на слободата и владеењето на правото и, конечно, пристапување кон сенародната обнова на земјата. Но, пред сето речено – и најпрво од се – е рушењето на спомениците на злото и систематското чистење на симболите на криминалната партија што таа – поистоветувајќи се себеси со државата – ги врежала во метал, бетон и камен, и ги обележала сите јавни простори како да се нејзини.

……….

И, да се разбереме: лавот не бил амблем на Гоцевата ТМОРО, ниту пак на некое друго ослободително македонско движење; не бил амблем ниту на пробугарската и потоа фашистичката ВМРО на Александров и Михајлов; и никако не бил симбол на комунистичката народно-ослободителна борба што ја создала денешната македонска држава. Лавот е свастиката на ВМРО-ДПМНЕ и ништо повеќе.

Па тогаш, повторувам, што бараат идиотските лавови околу мостот Гоце Делчев или полегнати по фонтаните на плоштадот Македонија? И, како е можно тивко да толерираме диво изградена фонтана со разјарен лав од партискиот амблем на злосторничката ВМРО, сред партизиран јавен плоштад што уште го носи името „Плоштад ВМРО“, и тоа торжествено еректиран пред белата куќа на фашизмот – украдената штаб-квартира на партијата што се смета дека е секогаш на власт; всушност, дека е носител на македонската националистичка религија, па затоа има и кула-камбанарија на која се вее македонското знаме?!? Алооо, патриоти?!

Целата колумна на Мирослав Грчев за Слободен Печат на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e