Од сите коментари на Фејсбук, денес најмногу ми се допадна оној кој вели дака на овој процес во ВМРО треба да се гледа како на демократско напредување во партијата.
Некогаш во таа партија неистомислениците физички ги ликвидирале. А сега за почеток само ги исклучуваат од партија.
По 100 години на Ќосето кој ликвидирал неистомисленици по нарачка на раководството,наследниците на таа револуционерна организација му изградија споменик пред судот во Скопје.
По 100 години од денес, може би некој ќе му изгради споменик на Мицковски за демократизирање на постапката при политичките ликвидации на неистомислениците☺
Ѓорѓи Спасов