ВМРО одат од врата на врата и по изборите

Во пет сабајле ми ѕвони некој на врата. Отворам и гледам три каракамишоидни бабички во сомнителна ментална состојба.
“Ние сме од ВМРО, синко” почнаа да пеат како коледарки.
“Гледам” им реков “но, локалните избори завршија!”
“Знаеме, синко” ми одговорија во хор бабите “но, доаѓа зима, па собираме помош во храна, облека или лекови, може и во ајфони, да претераме некако до следните избори.”
Се вратив во станот, го земав ајфонот на жена ми, ганц нова осумка плус и и го дадов на најзгодната вмронка.
“Доволно ли е?”
“Не” викнаа во глас каракамишоидките “а за нас двете!?”
Им реков да дојдат утре сабајле.
Денеска ќе одам во Ледиком да купам два комада за нив и еден за жена ми, ќе ме утепа. Но, не ми е тешко: ако сите сме ВМРО мораме да му помогнеме на Злото да ја преживее зимата.

Бранко Тричковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e