Дури ни епидемијата со корона вирусот не ја стави во сенка одлуката на министрите на ЕУ да почнат преговорите за членство со Македонија. Точниот датум кога ќе се случи тоа не се знае, но би било несериозно во моментов да се каже такво нешто, кога никој не знае колку ќе трае вонредната состојба во Европа. Пораката беше – колку што е можно побргу.
Тоа што се собраа министрите на ЕУ на видео конференција само заради нашите преговори со Унијата и што шпанскиот парламент претходно гласаше буквално од дома за нашиот протокол за прием во НАТО, кога и премиерот Педро Санчез е во карантин, е гест што покажа колку бил голем товарот што го носела меѓународната заедница што двапати ги изневери сосема очекувањата во Македонија. Сега грешката е исправена, прославата ќе почека, но ништо не може да ја помати радоста и новата реалност – дека од денес натаму Македонија нема да биде веќе тоа што беше до вчера.
Македонија од денес е држава со перспектива, која ги остварува двете најважни стратегиски цели за кои работеше три децении, која оди напред и во која од сега натаму ќе важат нови правила и вредности. Нема да биде веќе најважно кој што зборува, туку кој испорачува успеси и подобра перспектива, бидејќи сега се виде дека било можно тоа со повеќе политичка волја.
Целата колумна на Слободанка Јовановска за Независен на следниов ЛИНК.