Општествениот дискурс во изминативе три години го доминираа очекувањета за брзиот пад на Заев. И неговата одбрана, се разбира, но ако судиме според децибелите и расширеноста на хистеријата, очекувањата и заложбите за неговиот пад, сепак, беа работи кои го одредуваа тонот на целата ситуација.
Платформата на живината од фејсбук и твитер и телевизискиот булшит, беше елемент на специјалната војна против Македонија и имаше неколку елементи: Сите срања во државата да се адресираат на владата, сите успеси на владата, дури и оние што целиот свет ги оцени како историски и релевантни во европски и светски рамки, да се премолчуваат или релативизираат и, трето, да се култивира критиката како единствен достоинствен став односно сите други ставови да се дискредитираат како апологетски. Кон македонољубивото антимакедонско просташтво организирано околу и во вмро-дпмне, се приклучи панцир дивизијата на скопските фраери и фраерки на затвореното општество, “Принц Милчин” и Гардиската бригада на обнадежените будали, “Кикифрики”, потпомогнати од жестоката екипа на неостварената Лорен, и тргна артилериската подготовка на јуришот врз власта на Заев со тепих ментални бомби врз здравиот разум, со распрскувачките ракети на страотната самонегациска новосвест која почна да се слуша на секој чекор: не не бива, ова ли е држава, срање, подобро да пропаднеме, да се испишеме од ОН…никогаш Северна, секогаш Македонија, ни го земаа името, идентитетот достоинството, тралала тралала, еден неверојатен изблик на глупости и самоуништувачки страсти.
Развојот на настаните покажа дека овие формации не ја остварија целта, Заев доби уште еден мандат, многу веројатно дека ќе добие уште еден, но како цел ја остварија својата метода, а тоа е страшно разорување на општествената супстанца. Специфичноста е во тоа што разорената супстанца престана да ги препознава како гуруи на иднината и се задржа на ставот дека си има работа со будали. Тие, будалите, си го изградија тој статус со упорната работа против Заев. Тие го култувираа општеството против себе. Неверојатно, но стварно.
Целата колумна на Бранко Тричковски за Фронтлајн на следниот ЛИНК.