Ожалостена жена низ солзи на колена го молела прочуениот духвник за да се помоли за нејзиното тешко болно дете, кому не успееле да му помогнат многу лекари.
Тој дошол, го земал детето и почнал со молитва пред маса луѓе. Еден од присутните почнал да вика: „Зар вистина мислиш дека твојата молитва ќе му помогне, кога сите доктори дигнаа раце?!” Духовникот му возвратил: „Ти да си молчиш, оти имаш мозок на пиле“. Човекот страшно се налутил, дури бил спремен и физички да го нападне духовникот. Но, тој сепак со тивок глас го смирувал и му рекол: „Виде ли колку сила имаат моите два збора кај тебе, сосема поцрвене и побесне. А зошто мислиш дека поинаквите зборови нема да се од полза кај детето?!”
И ние имаме потреба од духовници кои ќе ни укажуваат дека не е добро да скокаме во празен базен. Сме навикнати да бидеме болни и не сакаме да бидеме оздравени. Пропагандна машинерија направи да се посомневаме во можното, а да веруваме во невозможното. Ние телесно изгледаме чисти, но душевно сме ептен загадени. Му даваме години на животот, но не и живот на годините. Едни уште продолжуваат да мислат дека подобро да имаме граници без Европа, отколку Европа без граници. Тоа ни е подарок од политичари кои енормно се збогатија продавајќи илузии. Тие дури и нашите желби ги продавале како нивен успех. А стасавме до тоа борбата против криминалот да ни наликува на борба со сопствената сенка. И сега си имаме амбиент каде што ситите луѓе се сé погладни, а гладните се сити од сé. А едни криминалци сеуште имаат сé освен име и презиме. Џипови од стотина коњи, возени од магариња!
Целата колумна на Мерсел Биљали можете да ја прочитате тука