Виножитото на ВМРО-ДПМНЕ

Помпезно најавуваниот пресврт на македонската политичка сцена се издиша како дупнат балон само неколку минути по завршетокот на говорот на Христијан Мицкоски, одржан во Античкиот театар во Охрид, по повод прославата на годишнината од формирањето на најголемата опозициона партија во државава.

Единствените новини, кои му беа соопштени на аудиториумот, беа новиот слоган на партијата – „Македонија на сите луѓе“ и ребрендирањето, кое се сведе на зголемување на спектарот на бои по кои беше препознатлива оваа партија. Се тресеше гората, се роди глушец. Слоганот, сам по себе, или идејата што го поттикнала раководството на ВМРО-ДПМНЕ да го одбере овој слоган, во голема мера потсетува на веќе актуелната платформа на владејачката СДСМ – „Едно општество за сите“ (друго е прашањето дали и политиката на СДСМ, базирана на ова начело, успеа, барем до некој степен, од Македонија да направи едно општество за сите, без оглед на националната, верска, економска, културна или која било друга припадност).

Коперникански пресврт

Она што ВМРО-ДПМНЕ сака да го постигне со промовирањето на овој нов слоган, секако е да покаже дека без оглед на разликите, сите луѓе, да не речам и човеци (современата политиколошка терминологија повеќе би го преферирала терминот граѓани) во ВМРО-ДПМНЕ ќе може да најдат партија што ќе гради политики во интерес на сите граѓани. За да го илустрира тоа уште појасно, традиционалните бои на партијата и државата: црно-црвената на ДПМНЕ и жолто-црвената на Македонија, се нијансирани со спектар од ним блиски бои, демек да се каже дека партијата веќе нема да се грижи само за црно-црвените туку и за сите други луѓе, да не речам, човеци во државава.

И да беше ова приказна за мали деца, можеби и ќе поверувавме дека „коперниканскиот преврат“ на ВМРО, од камата и револверот, до боите на виножитото, е вистински. Но, да не заборавиме, станува збор за партија која своите почетоци ги има како движење кое се стреми кон соединување на Одринско и Македонија кон Бугарија, организација чии членови имаат изарчено повеќе куршуми во меѓусебна борба до истребување, за тоа кој ќе го преземе раководењето со организацијата, отколку во борба со поробителот и која во почетокот на дваесеттиот век за потребите на своето работење од месното население во Македонија собирала повеќе арач отколку турските власти.

Целата колумна на Марин Гавриловски за Слободен печат на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e