Европа знае, дека скопски Вардар од Република Северна Македонија е европски првак. Вие мали луѓе кои вчера скандиравте гадости на спортска прослава, не сте, ниту сакате, ниту ќе бидете европски граѓани. Апелирам до државата да направи се, за говорот на омраза еднаш за секогаш се искорени, имате снимки имате се што треба, за таквите да одговараат. Што ќе беше доколку оние што не скандираа гадости, почнеја да скандираат контра гадости? Примитивизам од невидени размери, дно дна. Целата среќа во овој случај е што, луѓето кои беа присутни на прославата, а не скандираа бљувотини, ја препознаа вашата беда и сега точно знаат за што зборуваме кога велиме, заедно напред, кога велиме, едно општество за сите.
Фејсбук статус на Бобан Бошковски