(ВИДЕО) Секуловска: За миг послушајте ја За миг послушајте ја Ирена Стефоска

Ви ја пренесуваме најновата колумна на Биљана Секуловска за НОВА ТВ:

-Добро би било понекогаш да застанеме, да ослушнеме други гласови, поинакви мислења, спротивставени ставови, нечии аргументи. Макар тоа било за миг.Добро би било да знаеме дека на другата страна можеби и се соочуваме со омразен непријател, со огорчен противник, со лут опонент, но добро е да знаеме како сето тоа да го исправиме, да создадеме заедничка победа.

Добро е да осознаеме дека клоцањето и антагонизмот се наши сопствени непријатели- да го цитирам министерот за надворешни работи, Никола Димитров, добро е да знаеме дека нетрпеливоста, вжештената глава на крајот водат кон нов конфликт, нова тензија, нови поделби и омраза.

Дијалогот е средниот збор за компромисот, тој е неопходен, тој ги лекува вековните непријателства, омразите, зовриените страсти, тој дијалог од мрачните страници на историјата доведува до помирувања, човечност, иднина.

Затоа е добро да се ислуша пратеничката Ирена Стефоска, една од најдобрите што воопшто сме ги имале во овие децении на парламентаризам, врвен научник, експерт за грчката и македонската историја, на односите кои ги допираа рабовите на пеколот, на односите кои се трансформираа преку дијалог во Договор за името,  во пријателство, а потоа во се друго, што допрва може да следи- почитување, соработка, остварување на взаемни интереси и напредок за двете земји.

Добро е тие неколку минути да се слушне, да се разбери, да се запамети. Толеранцијата, дијалогот, компромисот, елементарните цивилизациски демократски вредности се пред нас исправени.

Тие вредности лесно можете да ги исечете на парчиња, да поминете покрај нив, низ нив, да ги закопате заедно со аргументите на соговорникот отспротива.

Се можете со нив- да се поигрувате, да ги исмејувате, да ги омаловажувате и да се изживувате со нив. Да не остане ништо од нивната почетна намера, од нивната смелост, од нивниот краен исход.

Можеме да останеме закоравени, затрупани во рововите, да одбиваме да слушнеме, да видиме, да допреме нечија друга рака која кога ќе се подаде, можеби цели кон непријателство, дури и кога ќе се стегне, но пред да се пушти огорчено раката, се појавува некој нов смисол, за кој вреди да се размисли- сепак, таа рака била подадена.

Што и да се случи, слушнете ја Стефкоска пред да ја затворите страницата на прифаќање и пред да објавите одбивање. Секогаш вреди да се направи обид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e