(ВИДЕО) Најчевска: Во сеопштото сивило на внатрешен план, Царовска успеа да направи видливи промени!

Не можам да најдам личност којашто ја одбележа годината, меѓутоа, можам да зборувам за личност, којашто според мене во сеопштото сивило на случувањата на внатрешен план, ми се издвои, а којашто е дел од владејачката структура.

Тоа за мене е министерката Мила Царовска, којашто во едни многу проблематични услови, успеа да направи некаква промена, некаков исчекор во министерство коешто има неверојатно голема надлежност, министерство коешто до сега било зачмаено и коешто не само што не правело ништо добро за граѓаните, туку напротив, гледало на некаков начин да ги изигра, да ги измами и да ги поттурне граѓаните на страна. Навистина мислам дека за мене таа е во моментов пример за министер којшто и во многу тешки услови и во многу тешка структура на едно министерство, успеала да направи видливи промени.


Извор: ЦивилМедиа

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e