Ако се уште има такви кои веруваат дека демонстрантите се борат за нешто друго или за некој друг, освен за враќање на власт – со сите расположливи средства – на речиси истата гарнитура која десет години ја газеше државата и се што не беше за нив и со нив, тогаш заслужуваат да им повтори историјата, не како фарса, туку како уште поголема трагедија.
Ако се уште има такви кои мислат дека времето на Никола Груевски, најголемото зло што и се случило на Македонија од 1945 година до сега, организаторот на крвавиот четврток од Виена и поддржувачот на протестната недела од Будимпешта, не само што не е минато свршено, туку дека допрва доаѓа, тогаш навистина сме стадо кое не заслужува ништо друго освен Пастир.
Ако се уште има такви кои мислат дека оние кои вчера демонстрираа се вистинските патриоти и претставници на македонскиот народ, како што се прикажуваат, тогаш не знаат дека нивниот патриотизам е последното прибежиште на националистите и дека тие секогаш го претставуваат само „нивниот“ народ.
Ако сево ова помине „незабележано“, тогаш само прашање на ден е кога ќе ни се случи 27 април.
Целата колумна на Злате Лозаноски за Слободен печат на следниов ЛИНК.