СДСМ одговорно ја води државата на прав пат. Направивме навистина многу. Можеме уште повеќе. Можеме уште подобро.
Политиките на СДСМ кои носат нови работни места, поголеми плати и повисок животен стандард остануваат приоритет.
Петте столба на кои се темели програмата се:
• 100.000 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА И ГОЛЕМ РАСТ НА СИТЕ ПЛАТИ.
• ГРИЖА ЗА СИТЕ.
• РЕД, ДИСЦИПЛИНА И ПРАВДА.
• СИТЕ ЗА ЕКО ДРЖАВА.
• НИЕ СМЕ НАТО. ОДИМЕ ВО ЕУ.
Ова се мерки и решенија кои ги следат потребите на нашиот народ, а чија реализација ќе придонесе за унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани. Можеме уште повеќе, уште подобро!
100.000 нови работни места и голем раст на сите плати! Минимална плата од 300 евра и просечна плата од 600 евра до крајот на мандатот. Владата на СДСМ вработува многу повеќе! Тоа е препознаено од граѓаните и на 12 април одиме на голема победа!
Гарантирана минимална помош за 34.000 домаќинства, а детски додаток за 65.000 деца.
Следува прочистување во правосудството! Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам.
Влеговме во НАТО –А можеме и во ЕУ! Нема алтернатива за Република Северна Македонија и Западен Балкан, освен членство во Европската Унија.
До 2024 ќе отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ. Од европски фондови обезбедуваме 2 милијарди евра за Северна Македонија.
Сите за ЕКО држава! Следува строга контрола и високи казни за загадувачите, а помошта за нашите граѓани за современ и еколошки начин на загревање продолжува уште повеќе и уште подобро.
Нема враќање назад. Можеме уште повеќе. Можеме уште подобро. На 12 април, одиме на голема и убедлива победа! Уште повеќе, уште подобро!