Тунева: Водите ли сметка за последиците од своето известување?

До оние што се охрабриле да ја објават снимката од извлекувањето на безживотното тело од Вардар:

Нема никакво, ама апсолутно никакво оправдување, да ја прикажувате оваа снимка, експлицитно или на кој било начин, и да собирате кликови на сметка на нечија трагедија.

Водите ли сметка за последиците од своето известување? И за публиката што ќе дојде во допир со таквата содржина? Без разлика што некои од вас ја нарекуваат вознемирувачка!

За потсетување (ако воопшто им значи на таквите):

(член7) Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост.

(член 8) Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.

ФБ статус од Марина Тунева, СЕММ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e