Луѓето што се вакцинирани и што завршиле во болница или починале ќе беа во многу помал број од сегашниов доколку процентот на имунизирани беше поголем. Тоа што има сеуште потполно вакцинирани луѓе што се под ризик од ковид е резултат на големиот број невакцинирани кои најмногу го шират вирусот.
Комплетно е неточен изговорот на неимунизираните дека – „ете, пак умираат и се разболуваат и вакцинирани“, зашто тоа е индиректно и директно последица токму од недоволната имунизација. Не може да биде исклучиво и само твој избор вакцината, зашто ти не си сам на светот.
Колективното здравје во моментов зависи од високиот процент на вакцинирани (имунизирани). Доволен е фактот дека многу помал број на вакцинирани се подложни на компликации од ковид.
Науката не е магија, а статистика. Твоето тело е твој избор, се’ додека не ги загрозуваш луѓето околу себе.
ФБ статус на Синоличка Трпкова