Трпкова: И светот ни кажува што му треба – ум, трпение, дисциплина и солидарност

Најважната животна лекција се учи сега, во живо, секој ден. Онлајн можностите за учење се само вид премостување за влегување во некоја нова фаза од нашето постоење, каде најверојатно дел од учебниот материјал ќе се смени, како и нашите сфаќања за светот. Ќе има многу нови научни предизвици и приоритети…Седиме дома, минуваме низ различни емотивни фази, акумулираме информации, осознаваме работи за кои никогаш не сме размислувале, инстинктите проработуваат, не знаеме што не’ чека. Ја спознаваме сопствената кршливост, минливост и немоќ одблизу, колективно и на прилично немилосрден начин. Она најважното, што не успеавме да им го дадеме/пренесеме на младите генерации преку образованието и искуството, ќе биде учено сега – од овие часови нема бегање. Младите го крстиле вирусот “Бумер-римувер” (“терминатор на постари генерации”), и за тоа имаат право, зашто светот на помладите останува, сега – и буквално Тоа што ќе остане секогаш непроменливо и за кое секогаш лично ќе се залагам е поттик на критичкото размислување, поттик за тежнеење кон неможното, откривање на тајното, соочување со непријатното, секојдневно барање одговор на сопствените поставени прашања, преземање одговорност, пред се’ за себе…зашто плиткоста, игнорантството, мрзата и нетрпението се крвните непријатели на човекот. Ете и светот апла ни кажува што му треба – ум, трпение, дисциплина и солидарност. Мислам дека сега јасно го слушаме.

ФБ статус на Синоличка Трпкова

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e