Ова невреме е погубно за државните крлежи – партиски апаратчици. Нивното “браво” за својата партија и “уаа” за спротивната им обебедувале отсекогаш приходи. Замисли 30 години да живееш како влечуга од партија, што носи своја војска влечуги(гласачи). Ете како нашиот систем го има во срж убиено секој индивидуален напор да се биде работлив, посветен, чесен, ценет и платен поради тоа. НЕ – што знам и што можам – туку – колку можам да се упикувам на партија. Количината на припадност на една партија всушност ја одредува хиерархијата во општеството. Има водачи што успеале да се инфилитрираат како вируси во партиските ткива и нивни следбеници, кои ќутат и грицкаат со вирусот. Кога посочуваме јавно такви луѓе, ние сме стигматизирани од вирусот, вирусчињата и партијата. Така се обесхрабрува борбата против коруптивните влечуги. Така гние и пропаѓа едно општество. Дури и во вакви тешки моменти можеби најмногу се гледаат “лигите” на влечугите кои сета своја кариера немаат ништо направено освен упикување во задник. Освен борбата со вирусот, тоа ќе треба да биде најважната борба во новото време.
ФБ статус на Синоличка Трпкова