Нема лек за говорот на омраза, нема лек ниту за корона вирусот. Моите две деца се во моментов во Холандија, останаа без работа и приход, а учат, и не паднав во искушение да кукам и да ги враќам по секоја цена “дома”. Живеат во различни градови, и се потполно сами на себе, во самоизолација. Погледнето го видеото и “лошите” услови во болница во Италија и безнадежноста. Како да не знаевме дека сме сто години назад со услови, па сега се чудиме. Без ригорозните мерки на владава, сите ќе бидеме болни, и младо и старо. Секако дека основните човечки достоинства сега ќе бидат нарушени како последица на 30 годишна негрижа за земјата. Тоа е реалната слика. И тоа е нашиот капацитет на 30 години “нема проблем” и “не ме интересира политика” и “партиски поделби”. Борците за слободи и право и за дотоинствени услови во карантин не се магично стапче со кое ќе се реши проблемот. Демек сега одма ќе изградиме хотел со пет ѕвезди за каранитин!?!? Кина секако не е пример за човекови права и достоинства – но е пример за борба, солидарност, пожртвуваност и единство против вирусот. Тоа што кај нас е само добро платена “шминка”. Нема друго чаре! Нежните македонски граѓани, навикнати на кафанчиња, кафенца, ќебапи, лапачка, висење, лежење по плажи и неработење, викендчиња и пишување објави, колумни, и анализи – сега ќе се соочуваат со опачината на сето тоа. Дали, дали, дали ќе научиме нешто од сево ова!!???
ФБ статус на Синоличка Трпкова