Мерките против – дишење во врат во банка, пикање преку ред на каса, бутање пред-нозе зад-нозе на кој било чекачки простор, плукање и ‘ркање на улица, турирање и трки на мотори и коли по булевари, трештење музики до ниедно време кај ќе ти прдне, непочитување личен простор на другите, виросан одење на школо, факс и работа, непристојна раздалеченост во комуникација придружена со кивање, надвикување и кашлање во лице – не се мерки, туку цивилизациски дострели. Со ригорозно воведување на овие “мерки” треба да се започне од градинка. Тоа се првите најважни лекции што треба да влезат во програмите во постпандемскиот период.
ФБ статус на Синоличка Трпкова