Сите сме исти пред короната, и мрзите напикани во администрацијата, и коруптивните копуци, олигарсите и платениците новинари, функционерите, обичните – вредни и послушни граѓани и криминалците. Затоа е важно сите да бидеме “солидарни” во овие моменти, и сите “исто” да придонесеме за да се спасиме од пандемијата. И да заклучам – мерењето рејтинзи во ваква ситуација е вмровска карактеристика. Се работи за животи, а не рејтинзи. А довербата, допрва ќе треба да се стекнува. Министри се повлекуват и па и се самоказнуваат во вакви состојби во цивилизирани земји, а кај нас се мерат рејтинзи. Не сме сите исти, некој не се плаши толку многу од смрт, за да му се одзема мислата. Пандемијава дава можност за да се почне подобро и одново. Тоа е една од највредните и најважни работи за која треба да размислува секој бог…пардон политичар, во овие времиња! А тоа што ви е народот “проста маса и стадо” се должи, освен на менталитетот, и на неспособноста и немањето визија на сите политичари до сега!
ФБ статус на Синоличка Трпкова