Трпкова: Кој го користи ова страшно време да сее лаги и омраза – нема да добие ништо, напротив сѐ ќе изгуби

Секој од нас има сопствени стравови и проекции, но и размислувања во врска со иднината. Јас да си ги споделам моите. Со оглед на наивноста, како што многумина би ја нарекле, но јас ја наркувам- верба во човекот, во добрина и во солидарност – ќе треба да се подготвиме за малку поразличен начин на живот. Моето прво прашање е – одржливост – што најнеопходно за човекот можеме сами како земја да создаваме во некоја скора иднина? Храна, хигиена, здравство (опрема, лекови). Кои кадри/професии ни се суво злато? Тоа се приоритети, на кои ќе мора да се мисли во блиска иднина, напиша на своојот Фејсбук профил Синоличка Трпкова.

„Дел од нас ќе изгубат работа, но ќе имаат нова. Никој нема да ни помогне ако сами не си создадеме план и стратегија, тоа значи дека треба да седнат умни, образовани професионалци од неколку области и да видат што можеме ние сами да создаваме. Малку сме и лесно е, ако искрено сакаме. Ако продолжиме да лежиме на буџет и ако нема иницијатива и се чека помош од надвор, и ако политичарите, олигарсите и банките се однесуваат како да се вечни – е песимистичко сценарио. ЗА СИТЕ. Ова значи дека сите, ама баш сите што не се потребни во администрација (тука се вклучувам и себе си) ќе мора да размислуваат и делуваат поинаку. Ни требаат мудри глави и многу работни раце. Тоа нема да се случи веднаш, но сакале или не – или ќе се исчистиме од мрзата и лагодноста, или ќе се откажеме од себеси. Не сме Кинези за да се жртвуваме за нашите добра, но ако не отвориме прозор кон иднина, ќе се угушиме – колективно. Тие пак, што мислат дека се вечни нема да можат да си купат ама баш ништо, зашто ќе нема од каде, од кого. Сега сме сите исти, и нема да можеме еден без друг ништо – баш затоа што не можеме да бидеме еден со друг. Ако пак не сакаат да прават отстапки, (богатуни, олигарси, политичари, функционери) и не настане една посериозна реорганизација за буквално (колку и смешно да звучи) обновување на умрената Македонија – и тие и ние ќе тонеме. Иако добар дел од нашето ткиво е расипано, ова сепак го пишувам со надеж дека ќе разбереме, дека алчноста и себичноста не се излез, ЗА НИКОГО. Богатења не смее да има, зашто ќе се создаде социјален немир кој би бил штета НА СИТЕ. Дали имаме ум, срце и енергија да излеземе помудри и посамостојни од ова – не знам. Но ако излеземе, ќе им оставиме на нашите деца кои заради нашата генерација се убиени во поим – ИДНИНА. Секако можете да се смеете на четивово, и на мојата наивност, но јас нема да престанам да верувам во човекот. Нема друга опција. Можеби е малце претерано вака да се размислува сега, ама нема да има зијан, сигурна сум. Светот нема да биде повеќе ист, тоа знаеме. Но во каков свет сакаме да живееме – тоа од нас зависи. Инаку во моментов сите сме сведоци за нешто што е невообичаено за нас – се работи под притисок и човечките граници се неверојатно растегнати. Сведоци сме за капацитетот што го имаме, односно немаме. Ќе мора да бидеме флексибилни. И за крај – кој мисли да добие политички поени во моментов и кој го користи ова страшно време да сее лаги и омраза – нема да добие ништо, напротив СЕ’ ЌЕ ИЗГУБИ. Не паничете, мијте раце и следете изворни вести!“, истакна Трпкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e