Секој човек е автор, без разлика на професијата. Му треба само поткрепа во образованието за да почне сам да создава. Во време на изолација, но и без неа. Медиумските алатки би требало да бидат дел од образованието (основно и средно). Филмски поткованите и образовани луѓе велат дека и изучувањето на филмот во општото образование е неопходно. Визулените раскажувања на луѓето-автори се една од нашите најверојатни комуникациски иднини. Сите деца знаат да ги користат интернет алатките. Им треба само мало насочување. За да можат да им дадат смисла и значење на своите приказни. Интернетот освен што е забава и информација – е и едукација. Како ќе се насочат децата да го употребуваат е грижа на сите нас. Сето ова може исклучиво со добри учители што и самите се цел живот по вокација – ученици. Се’ друго е само титула и суета.
ФБ статус на Синоличка Трпкова