Оваа Влада е демократска и никогаш нема да посегне кон цензура, против лажните вести се бориме со вистината и со нашите чекори досега не сме се ни доближиле до црвената линија чие преминување би значело посегнување кон цензура. Лажните вести, односно дезинформациите ги поткопуваат демократиите и на нечесен, манипулативен начин, на штета на јавниот интерес, на добробитта на граѓаните, и ја загрозуваат безбедноста на населението“, рекол премиерот Зоран Заев во интервјуто за печатеното издание на „Капитал“.
Првиот дел од овој став е океј: против лажните вести се бориме со вистината, молам, така треба да биде во едно демократско општество.
Но, вториот став покажува дека вистината нема да биде доволна за победа во оваа борба. Ако лажните вести односно дезинформациите ги поткопуваат демократиите и на нечесен, манипулативен начин, на штета на јавниот интерес, на добробитта на граѓаните, и ја загрозуваат безбедноста на населението, тогаш сведувањето на борбата на каќушите на вистината е однос кој не е соодветен на опасноста. Грижата да не се влезе во зоната на цензурата е океј, но фактот дека земјава и на посебен начин општеството и на уште поспецифичен начин нацијата, се жртви на организирани напади, на вистинска специјална војна, која може да изгледа како војна за власт, но во суштина е агресија врз државата и врз заедничкиот живот на овие простори, говори за повисоки одговорности на власта. Се кинат сите лигаменти. Лажните вести не се насочени само против владата или министрите, или други поединци, тие се првенствено насочени кон обесмислувањето на Македонија како државен и национален проект. Така што и се стрела во колената и и се пере мозокот.
Власта е одговорна да ги преземе сите мерки, а не само да внимава на тоа да не ја помине линијата на цензурата. Конечно, цензурата не е недемократска ако се однесува на злосторници. Трамп го цензурираа безмалку сите медиуми. Да, но тоа е акт на демократијата, тоа не беше акт против демократијата.
ФБ статус на Бранко Тричковски