Ви пренесуваме дел од колумната на Ерол Ризаов за „Независен“:
До 15 јануари во Македонија ќе пристигнува последната голема тура значајни луѓе, нобеловци, научници, државници, претседатели, премиери, министри, политичари, дипломати, банкари, бизнисмени, високи функционери на ЕУ и на НАТО, новинари и аналитичари на светски познати медиуми. Колку ќе биде неизвесноста поголема за усвојување на уставните амандмани условени од Преспанскиот договор со Грција, толку среде зима ќе имаме многубројни канети и неканети гости.
Сите ќе ни го кажат истото кое веќе одамна требаше да ни биде кристално јасно, ама очигледно уште не е. Ќе ги слушнеме по милионити пат зборовите: тргнете ги настрана тесните партиски интереси, донесете историска одлука за подобра иднина на Македонија и на нејзините граѓани. Остварете ги најзначајните ваши државни приоритети за кои одамна, од првиот ден на независноста, сте се определиле со општ консензус во земјата, станете членка на НАТО и почнете ги преговорите со ЕУ, со голема предвидливост дека за неполни десетина години Македонија ќе биде членка и на Европската Унија, тоа во историјата е блиска иднина. За тоа вие одлучувате сами.
Целата колумна на „Независен“.