Трач – колумна на Сашо Тасевски

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Тасевски за „Ливада“:

Водителката Миа Костова, си постави длабокоумно, да не речам, филозофско прашање. Кога Бетмен ми беше дечко беше супер, што му се случи потоа, не знам. Груевски му се случи. Како што им се случи и на многу други, слични на Бетмен. Груевски со неговите привилегии и пари кои ги истураше врз главите на своите клиенти кои пред јавноста го бранеа неговото нечовечно владеење.

Проблемот со омилениот термин на Мирка Велиновска, КОНТРАКТОРИ кој го употребува во секоја колумна, е што го користеше исклучиво за оние домашни предавници кои одработуваат договор со странски тајни служби за да и наштетат на својата татковина. Таа никогаш не кажа, што правиме со оние контрактори кои со години беа на платниот список на Груевски и одвнатре ја растураа државата и уставниот поредок ставајќи се во одбрана на неговото авторитарно, криминално, антидржавно и нечовечно владеење. Токму во нив спаѓаат и Мирка, Латас, Бетмен, Миленко, Дурловски, Борис, Владо и останатите знајни и незнајни директорчиња во јавни претпријатија, театри, болници. Сите оние кои застанаа зад таканаречените протести за заедничка и унитарна Македонија кои со недели подбуцнуваа и заговараа насилен влез во Собранието, доколку се избере негов нов претседател и се формира влада во која нема да биде ДПМНЕ и Груевски.

И влегоа, заедно со десетина таканаречени патриотски здруженија, исто на платниот список на Груевски, кои заедно со неговите контрактори од тајната служба, полицијата и војската се обидоа насилно да го преземат Собранието, откако ќе ликвидираат неколку пратеници од опозицијата. За среќа, не им успеа. Дополнителен шок за нив беше што нивниот ментор Груевски јавно се огради од нив, па сега разочарани од таквиот негов однос и уште поразочарани од тоа што против нив се одвива хајка за нивно притворање за насилствата, му пишуваат гневни, заканувачки писма преку социјалните мрежи, во надеж дека ќе ги одбрани од органите на прогонот. Некого може и ќе одбрани, ама не сите, барем додека и самиот не заврши зад решетки.

А му реков на Бетмен, само неколку дена пред насилниот упад во Собранието, кога се сретнавме во еден бар. Не знам колку те платиле и не знам дали си свесен, во каква опасна игра си влезен, окружен со полициски информатори, силеџии и војници на подземјето. Тргни се додека е време. И тогаш ме убедуваше дека ја имаат под контрола целата ситуација и до насилства нема да дојде, па нели сите во Македонија сме биле поврзани преку роднински врски. Нормално, брзо најде изговор да ја напушти понатамошната дискусија и ете многу брзо настаните од Собранието го демантираа на најлош начин. Сега веројатно да сфатил што сакав тогаш да му кажам. Уствари, тој сфати и тогаш, ама не сфати колку е мал во однос на ситуацијата. Неке птице никад не полете. Па нека е и Бетмен.

Целата колумна на „Ливада“ на следниот линк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e