Со душа чекам речениците за овие времиња, овие месеци и години на надминување на апсурдот наречен спор за името да ги глаголиме во минато свршено.
Во држава во којашто како предавници ќе ги черечиме корумпираните, ама и неспособни вршители на јавни функции, оние кои поткусени за едно големо оправдување, ќе бидат разголени во своето неприпаѓање во фотелјите.
Па еднаш засекогаш конечно да почнеме да размислуваме зошто тонеме во ѓубре (и во метафора, ама и во реалност), кои се точките каде што трагедиите во коишто луѓе или дечиња губат животи се допираат со системските дефекти, какви морални и интелектуални вертикали ни ги калемат децата низ процесите на образование, како ќе ја вратиме во живот сардисаната култура и нејзините институции, што не’ разболува и кој не’ лекува и сите останати теми и темишта што ќе не’ натераат да се запрашаме дали до достоинствен живот се доаѓа преку совладување на пречките од реалноста, во универзумот во којшто живееме, или преку замислени победи на уште понереални закани, битки со имагинарни непријатели, и невидени количини на залудно потрошени енергии и на секакви можни ресурси.
Немаме луѓе луксуз на опуштање во филозофии, тонеме…дајте конечно да се обединиме околу она што ни е реален предизвик. Имаме можност, аман! Да ги одврземе коњите, доста сонуваме за еднорози. Фокус!
Фејсбук статус на Катарина Синадиновска