ВНИМАНИЕ,ВНИМАНИЕ,ВНИМАНИЕ
Доаѓа клучниот момент на кризата од кој можеби ќе зависи и иднината на нашата татковина.
Уште еднаш.
Сега треба да се определат мерките за враќање на животот во нормала. Од една страна демнее опасноста за тешки последици при избрзан и неадекватен потег, по здравјето на луѓето и евентуално повторување на инфекцијата, која во тој случај потешко ќе се контролира.
Од друга страна пак, јасна е и опасноста за влегување во тешка економска и финансиска криза со можеби ненадоместиви последици, доколку се задоцни со „отварање„ на бизнисите и враќањето на луѓето на работа.
Сензитивноста на моментот не трпи импровизации,особено поради фактот што набргу ни следат избори,а политичарите во желбата да се допаднат,можат да влезат во „експеримент„ со вообичаениот популизам во донесувањето на мерки кој сега значат “да се биде,или не„.
Затоа, ангажирајте експерти, пред се медицински, кои ќе ни овозможат најоптимален пат кон враќање во нормала.
Ние пак можеме дададеме огромен придонес, со сериозен однос кон мерките што ни се препорачани, бидејќи секое опуштање може да значи пораз и за нас и за државата.
Пораз сега, нема да биде пораз во битка,туку пораз во војна.
Имајте ја на ум таа можност.
ФБ статус на Драган Томовски