Малери.
Во време кога бескрајно се радуваме на успеси на македонскиот фудбал, бугарската политика (НЕ НАРОДОТ), на нас ги лечи фрустрациите останати од времето на Тито. (Ако ме прашувате мене лично, памтејќи го тоа време,мислам дека оправдано се исфрустрирани….) Ама.
Тоа било и поминало, Што и да се случувало во одредени периоди од историјата, тоа ни е близок народ и комшија, тоа се наши пријатели, со кој треба и мора добро да живееме и соработуваме. Ние во секој случај делиме многу повеќе добро, отколку лошо. Не се сомневам дека и бугарскиот народ,како и ние македонците тоа го посакуваме па треба тоа и на дело да го покажеме со одлучно кажување НЕ на нациналистите(тие на нивните, ние на нашите) кои користат вакви ситуации за распалување на национализмот и ниските страсти, кај понискиот слој на општеството, каде што за жал, еве дури и во 21ви век тоа пали.
Фб статус на Драган Томовски