Толку народ да гласа за кандидат кој очигледно тресе глупости и кој нема врска со реалноста

Македонскиот народ секогаш бил на маргините на историјата. Секогаш каскал некаде на опашката на случувањата. Последен се дигал на револуции, последен формирал држава, последен исчекорувал од еден во друг век. И се некој друг му бил крив. Некој од надвор.
Последните претседателски избори покажуваат дека ништо не сме научиле од грешките на минатото и дека и понатаму ќе бидеме последен привезок на некои пошироки процеси.
Толку народ да гласа за кандидат кој е поддржан од партија која нема врска со демократија и владеење на правото и која нема допирна точка со современите цивилизациски развојни трендови, за кандидат кој е спремен да прифати и да настапи како претставник на религиозно-патријахално-националистички вредносен модел, зборува за исклучително ниско развојно ниво на тој народ. Толку народ да гласа за кандидат кој очигледно тресе глупости и кој нема врска со реалноста. Толку народ да гласа за кандидат кој живеел и живее во стаклено ѕвоно и нема појма што навистина се случува во државата. Малку е застрашувачки.
Жалам ама изгледа нема баш голема шанса да мрднеме од ќенефот во кој сме удобно заседнати.
И не, не ни е никој крив. Сами сме си одговорни за се што ни се случува.

Мирјана Најчевска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e