Ти ги крстиш, они прдат!

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Ордановски за ЦивилМедиа:

-Вниманието со кое меѓународната заедница, на различни, до највисоки нивоа се труди да го поддржи актуелниов македонски напор за успешно одвивање на нашава евро-атлантска приказна, е трогателно. Писма, апели, изјави на бодрење, делегации и емисари кои се редат како на индустриска лента, новински текстови и радио-телевизиски репортажи во десетици престижни медиуми, го ставија Скопје во центарот на европското внимание како што тоа одамна, многу одамна не ни се случувало. А и кога ни се случувало, бевме во фокусот на меѓународната загриженост заради кризите и заканите со кои се соочувавме во изминатите триесетина години. Денеска, пак, сме претставени како изненадувачки успешна приказна којашто рефлектира стабилност и пријателство во целиот регион.

Ефектите од тоа се мерливо позитивни: директните странски инвестиции и извозот бележат децениски рекорди, бројот на странските туристи само расте, количеството на странската поддршка за нашите реформи практично зависи само од тоа колку ние гладна уста ќе отвориме, течат меѓународните развојни финансиски фондови под услови како кога блиското семејство би ви позајмило пари за да си купите нов стан…

Е, сега, има една сурија овдешни мрчатори, а и еден список на разни дијаспорични Џоновци и Половци од Мелбурн до Детроит, за кои и тоа не чини! Со тоа, наклапаат мрчаторите, странците – тие лицемери и докажани мрачни сили со двојни стандарди кои перфидно сакаат да нè обезличат! – правеле „притисок“ врз слободата на граѓаните за изјаснување на референдумот.

Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e