Татко на (подолг) службен пат

Некој деновиве спомна дека бегството на Груевски од Македонија има и една друга, приватна опачина, која не е исклучено да влијае врз неговите понатамошни одлуки за тоа дали и кога би се вратил во Македонија. Се работи, имено, за правната (не)можност на најпознатиот македонски политички азилант во странство во догледна иднина да се види со своето семејство, односно со своите две деца.

Како што е познато, по разводот од претходниот брак, во 2007 година Груевски се ожени со неговата сегашна сопруга Боркица (моминско презиме Манчева), со која имаат две ќерки. Нема јавен податок колку години му се стари денеска ќеркичките, но памтиме дека пред неколку години некои медиуми ги отворија вечерните ТВ дневници со веста дека постарата ќерка се беше запишала во прво одделение во некое од скопските основни училишта. Впрочем, се разбира дека не е никаков проблем во некој од скопските фризерски салони веднаш да ја дознаете не само возраста на децата, туку и кои песнички ги пеат секој вторник попладне, но не е во тоа поентата. Работната претпоставка е дека и двете дечиња се под десетгодишна возраст.

Зошто е ова битно за оваа бегалска сторија?

Па, според македонските прописи за патување на малолетни лица во странство важи следново упатство од МВР (кое сите ние што имаме деца добро го знаеме):

Ако лицето до 14 години живот (малолетно лице) патува во странство или се враќа од странство во присуство на родител или старател не е потребно да има одобрение за неговото патување.
2. Ако лицето до 14 години живот (малолетно лице) патува во странство или се враќа од странство без присуство на родител или старател, потребно е да има одобрение за неговото патување кое се издава врз основа на писмената согласност од родителите односно старателот, дадена во надлежните сектори – одделенија за Внатрешни работи, со приложување на увид – извод од матична книга на родените на малолетното лице кое патува, личните карти од родителите или старателот и таксена марка од 50,00 денари.
Ова значи дека, доколку г-ѓа Боркица, за која не е јасно дали била консултирана при бегството од законот на г-дин Никола од Македонија, реши дека не сака да патува до Будимпешта да се види со својот сопруг, нема друг начин како Груевски да се состане со своите деца во наредните 4-5 години, бидејќи за тие сами да ја напуштат државата е потребна согласност (и присуство за легитимирање и потпис) на двајцата родители во Одделот за граѓански работи во МВР, во зградата на МРТВ во Скопје.

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e