Така шармантно дебелкаст, а така граѓански природен, искрен и убиствен

Јас уште еднаш ќе го погледам интервјуто на Сашо Орданоски на ТВ Канал 5. Државата ќе мора да нè убеди дека знае кои се денес фашисти, а ние ќе бидеме тука да ја потсетуваме дека не може да се постави знак на равенство на она што беше пред 2017 година и ова денес. А Сашо Орданоски? Сигурен сум дека ќе остане како и досега: шармантно дебелкаст либерал, кој ќе нè потсетува на вистинските вредности за кои толку крваво се боревме.

Што разбравме изминатава недела од случаите со „шамарите во Центар“? Што разбравме за сите оние случаи за кои денес им се суди или се процесираат во судниците? Па, научивме неколку важни работи: дека секое масовно насилство е организирано, научивме дека секое насилство е политичко, научивме дека секое насилство е пучистичко, а намерата на неговите организатори е да спроведат тиранија. Се разбира, секогаш таа тиранија е во име на некои „традиционални“ вредности, тоа на потенцијалните симпатизери и идни робови многу секси им звучи. Ова се факти. Останатото се изговори и лигавења.

Добро, да речеме дека тоа е она што го научивме „за нив“. А што научивме „за себе“? Па, да речеме дека од целата интелектуална елита, владина и невладина, дури и во целокупниот медиумски „професионалнук“, не сум слушнал така јасно и луцидно како што тоа го искажа Сашо Орданоски во емисијата „Само интервју“ на телевизијата Канал 5. Уште попросто да се изразам (Јовановиќу, попросто пишувај да те разбереме, попросто!): Сашо Орданоски е „сушта“ спротивност на целата беда и лицемерие на „здравите и традиционални сепатриоти“. Орданоски го кажа во емисијата она што на сите луѓе од медиумите треба да им биде работа, ама веројатно не знаеја, или можеби не смееја или не сакаа така јасно и без фемкање да кажат. Ако не знаете за што точно зборувам, погледајте го интервјуто на Сашо Орданоски на Канал 5 во емисијата „Само интервју“. Апсолутно е достапно за сите: добро е да се слушне поради здрава памет, личен и граѓански кураж, авторски и реторички „либерален безобразлук“. Граѓаниот и новинар Сашо Орданоски заслужува многу поголем респект отколку што сум во состојба тоа да го искажам на ова место.

Целата колумна на Ненад Јовановиќ за Слободен печат на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e